„Вашингтон тајмс“ го сврте вниманието на талентот на Трамп да измислува прекари.
Неговата склоност да дава прекари ги инспирираше креаторите на американската програма „Дејли шоу“ на својата интернет-страница да го постават „Трамповиот генератор за прекари“, каде сите кои ќе ги напишат своето име ќе можат да добијат лична навреда.
По второто лансирање ракета од страна на Северна Кореја, претседателот на Америка го нарече Ким Јонг Ун „човек ракета“, соопшти „Вашингтон тајмс“. Американскиот весник го сврте вниманието на талентот на Трамп да измислува прекарии одлучи да се присети која друга „етикета“ американскиот претседател им ја „закачил“ на своите противници.
Но, генераторот не успеа да го погоди прекарот кој Трамп му го даде на Ким Јонг Ун. Наместо „човек ракета“, за севернокорејскиот диктатор се појави прекарот „глупав“.
Досега американскиот претседател главно им „ставаше етикети“ на своите главни републикански непријатели. На пример, некогашниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, Трамп еднаш го нарече „килав“, сенаторот Круз – „лажгото Тед“, сенаторот Руби – „малиот Марко“. Што се однесува до Хилари Клинтон, таа од Трамп го доби прекарот „грбавата Хилари“.
На овој список се и сенаторот Елизабет „Покахонтас“ Ворен и лидерот на малцинството во Сенатот, Шумер, кому Трамп веќе му даде два прекара, „плачкото Чак“, и „Чак – лажна солза“.
Генераторот на Трамп со прекари можете да го испробате на следниот линк: