Путин гол на мечка ја носи вакцината против короната

Рускиот претседател, Владимир Путин, на својот официјален фејсбук-профил објави слика на која  гол јава мечка и на светот му ја носи вакцината против короната. Покрај сликата пишува дека Русија ќе го спаси светот бидејќи вакцината ќе биде достапна и во повеќе други земји.

Истовремено, на насловната страница на францускиот весник „Либерасион“ е објавена мoнтирана слика од Путин, каде што тој е облечен како Џејмс Бонд, но наместо пиштол, во раката држи шприц. Ова е реакција на Французите по најавата дека Русија ја регистрирала првата вакцина против Ковид-19.

Западниот свет покажува многу скептицизам и отворено ги критикува Русите дека поради нетранспарентноста, не може да се верува во безбедноста и ефикасноста на вакцината наречена спутник V. Но, руските научници се убедени во делотворноста на оваа вакцина и ја најавуваат следната фаза по која таа ќе да стане јавно достапна.

Вакцината е развиена од московскиот Институт „Гамалеја“, а името спутник V се однесува на изненадувачкото лансирање на првиот светски сателит од Советскиот Сојуз во 1957 година. Вакцината допрва треба да помине низ клучните испитувања од третата фаза кога би ја примиле илјадници луѓе.

Scroll to Top