Индиец им го остави целото наследството на слоновите

Ахтар Имам од Индија ги разбеснил неговата сопруга и децатата откако решил сиот свој имот да им го остави на двата слона што ги поседува. Тие еднаш му го спасиле животот во вооружен грабеж, па сега ќе добијат 2,5 хектари земјиште.

Слоновите Моти и Рани, живеат со семејството на Имам во село во источната индиска сојузна држава Бихар.

„Едноставно не сакам Моти и Рани да имаат тешкотии, тие мене, исто така, ми се семејство. Не сакам моите слонови да се соочат со судбината на напуштените животни што умираат на улица или на нива поради негрижа“, рекој Имам кој е и борец за правата на животните.

Тој ги има слоновите скоро откако се родиле. Сега Моти има 20, а Рани 15 години.

Но, Имам вели дека неговата љубов кон неговите домашни миленици се должи и на фактот што го спасиле од вооружени напаѓачи.

„Кога ја отворив вратата за да видам зошто слоновите се така вознемирени, видов дека ги бркаат криминалците надвор од дворот. Јас сум жив поради нив, оти моите слонови ми се како телохранители“, раскажал тој.

Имам жали што неговото семејство „не разбира дека слоновите не се само миленичиња“.

Инаку, азиските слонови се загрозен вид. Живеат до 70 години. Околу 45.000 единки има низ целиот свет, а околу една третина од нив живеат во заробеништво.

Scroll to Top