Индиец се ожени со шпорет и по четири дена се разведе иако невестата била тивка и послушна

Индиецот Коирул Анам се ожени со шпорет, но четири дена по венчавката на Фејсбук објави дека љубовта завршила и дека ќе се разведе. Тој претходно на „Јава“ ја опиша својата невеста како „искрена, тивка, послушна, која не зборува многу и знае да готви“.

„Мојата одлука беше тешка, но бракот е завршен“, напишал Анам.

Неговата објава за разводот предизвика смешни коментари на социјалните мрежи.

„Дали беше спогодбено?“, „Кој ќе плати алиментација, ти или таа?“, „Како ќе го поделите имотот?“, „Што е работата, таа не сака секс?“ се дел од коментарите, но младоженецот не одговори на ниеден од нив.

 

Scroll to Top