Иван Исцелител го најде чарето како скопјани можат да се ослободат од загадениот воздух. Тој на социјалните мрежи напиша дека сите заедно треба да ги отворат прозорицте на 1 минута.
„Во ист момент сите во Скопје да ги отворат на 1 минта прозорците од домот и топлиот воздух од домовите ќе се крене и сите честички ќе ги крене високо во облаците, а ладниот и свеж воздух полека ниско ќе навлезе и ќе се реши проблемот веднаш“, вели Иван Исцелител.
Голем дел од скопјани се пошегуваа дека за иновативното решение, Иван треба да добие пари од фондот за Иновации, а други дека треба да се кандидира на следните избори за градоначалник.