Осуденикот Уалид Секаки, кој избегал од белгиски затвор пред еден месец, им испратил разгледница на поранешните цимери со порака „Поздрав од Тајланд“. Тој е еден од петте затвореници што избегале од затворот во округот Антверпен во декември, откако го прескокнале затворскиот ѕид и стигнале до автомобилот за бегство што бил паркиран во близина.
„Писмото беше упатено до три лица, а внатре имаше разгледница со зборовите ‘Поздрав од Тајланд’“, пишува „Индепендент“.
Властите веруваат дека писмото е автентично, иако не се сигурни дали бегалецот е навистина на Тајланд.
За разлика од Секаки, кој успеал да избега, тројца затвореници биле приведени бргу по бегството, а четвртиот бил фатен во јануари во Холандија.
Секаки е по потекло Мароканец. Тој бил уапсен во 2017 година, откако полицијата пронашла 25.000 апчиња екстази во неговиот автомобил. Неговиот постар брат Ашраф, исто така, неколку пати е апсен, но успевал и да избега од затворот. Тој во 2009 година користел хеликоптер за да избега.