Измамен доктор во Индија: Платил 41.000 долари за ламбата на Аладин

Двајца мажи во индиската држава Утар Прадеш се уапсени за измама, откако на лекар му продале „Аладинова ламба“ и му ветиле дека ќе му донесе богатство и здравје. Како дел од измамата тие се преправиле дека го повикуваат духот од ламбата исто како во приказната од „1001 ноќ“, пренесе Би-би-си.

Измамниците, наводно, му барале на докторот над 200.000 долари за ламбата, но на крајот се договориле да му ја продадат за 41.600 долари.

Лекарот поднел жалба до локалната полиција во Мерут. Во жалбата тој навел дека ги запознал двајцата мажи кога почнал да лекува постара жена, за која подоцна дознал дека е нивна мајка. Полицијата распишала потерница по жената, која ја бараат како трет осомничен во случајот.

„Ми раскажаа за некој постар маж кој го посетил нивниот дом. Почнаа да ми го перат мозокот и ме замолија да се сретнам со него“, рекол докторот во полиција. Тој навистина се сретнал со мажот, кој изгледал како да „изведува магични ритуали“.

Измамениот доктор рекол дека за време на една посета пред него навистина се појавил Аладин, но дури подоцна сфатил дека тоа е ееден од обвинетите кој се облекол како измислената личност од приказните.

Scroll to Top