Јапонец среде Белград со хрватски дрес

Јапонец облечен во хрватски дрес се прошета среде Белград, на Калемегдан. Фотографијата стана хит на социјалните мрежи, а ја објавија и сите регионални медиуми. Јапонскиот турист го фотографирале минувачите, а тој се чудел зошто привлекува толку внмимание со дресот, и зошто сите се вртеле по него. На социјалните мрежи паднаа и коментарите дека Јапонецот ги помешал лонците, па со хрватската шаховница тргнал да го разгледува главниот град на Србија.

 

Scroll to Top