Скарата (историски) е единствената форма на подготвување храна која мажите ја познаваат и практикуваат, а според сите стандарди тоа изгледа вака:
1. Жената оди во продавница да купи што е потребно.
2. Жената ја подготвува салатата, зеленчукот и десертот.
3. Жената го подготвува месото за скара, го мести во чинија и го носи до скрата, каде што мажот чека и пие пиво.
4. Мажот го мести месото на скара.
5. Жената влегува дома да го провери зеленчукот и да ја намести масата.
6. Жената излегува надвор да му каже на мажот дека месото му гори и дека треба да се тргне од скарата.
7. Мажот го трга местото и ѝ го дава на жената да го однесе дома.
8. Жената го става на маса и го сервира во чинии.
9. Сите го фалат мажот колку добро ја испекол скарата и ѝ кажуваат на жената дека е среќна со таков маж.
10. По ручекот, жената ја средува масата и ги мие садовите.
11. Мажот ја прашува жената дали е задоволна што имала слободен ден. Кога таа ќе го загледа под око, мажот промрчува дека постојат жени што никогаш не се задоволни.