Крадец им го вратил автомобилот на брачен пар од Италија ѝ им оставил порака со извнување. Автомобилот им го паркирал на паркингот пред хотелот каде ја минале првата брачна ноќ.
Како што пренесе „Кориере Адриатико“, младенците забележале дека автомобилот им е украден ден по венчавката, која ја направиле во провинцијата Фоџа на југот на Италија. Во автомобилот им била свадбената облека.
Кражбата ја пријавиле од семејството и на социјалните мрежи, а неколку дена подоцна автомобилот го нашле недалеку од градската станица во Фоџа. Карабинерите забележале дека го блокира влезот во дворот на станбената зграда, а внатре пронашле порака на која пишувале „Крадец, да, но со срце“.
Италијанскиот весник пишува дека сличен инцидент се случил и пред неколку дена во северната провинција Порденоне, кога крадци по упадот им оставиле порака на лош италијански јазик на сопствениците.
„Извинете, немаме пари и мора да јадеме, но гледам дека и вие немате ништо. Лудост“. Тие не нашле ништо вредно во куќата, па само ги зеле апаратот за кафе и фритезата, пренесе Corriere Adriatico.