Крадци заспале за време на кражба, па ги разбудила полиција со лисици на рацете

Тројца крадци биле фатени откако провалиле во детска градинка, навечер додека не работела, но откако ги собрале вредните работи, заспале на местото на кражбата, па жена вработена во градинката ги откри утрото и викнала полиција.

Трите лица на возраст од 17, 21 и 28 години во германскиот град Шопфајм, се разбудиле во вторникот наутро со лисици на рацете откако полицијата пристигнала на лице место, а претходно трагала по крадци поради повеќе грабежи во соседството.

Тие пред да провалат во градинката каде што и заспале, упаднале и во канцеларија каде што со насилното отворање направиле штета од 12 илјади евра, соопшти полицијата од Фрајбург на југозападот на Германија.

При апсењето кај лицата кои провалиле во градинката биле пронајдени украдените предмети.

.

Scroll to Top