Кралот Чарлс влезе во џамија со дупнати чорапи, на Твитер го исмеваат дека нема пари за нови

Светските медиуми објавија слики од кралот Чарлс трети кој влезе со дупнати чорапи во џамија во Лондон. Британскиот крал важи за маж со добар стил, па затоа многумина беа изненадени што носи скинати чорапи. Фотките на кои кралот ги соблекува чевлите и застанува среде џамијата со дупка во чорапите станаа хит на интернет.

„Криза е, сигурно нема пари да си купи нови“, „Слушнав дека кралот Чарлс бил толку горд на своите дупнати чорапи што не сакал да ги фрли и продолжил да ги носи – додека еден ден не му паднале сите прсти на нозете“, „Дури и кралските членови не се имуни на модните промашувања“, се дел од коментарите на Твитер.

Имаше и такви кои велат дека модниот гаф на кралот им е симпатичен, бидејќи Чарлс е познат по рециклирање облека.

Scroll to Top