Од општината Крива Паланка ги помешаа двете балкански музички ѕвезди па наместо на Владо Георгиев, на официјалната „Фејсбук“ страна на општината, му посакаа добредојде на Здравко Чолиќ.
Тоа стоеше во објавата на фотографиите со Владо Георгиев и градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски и министерот Љупчо Николовски. По бројните реакции на социјалните мрежи, грешката беше исправена.
За потсетување, Георгиев беше музички гостин на вчерашната прва фестивалска вечер на „Џојфест“, а Здравко Чолиќ на ќе настапи вечерва.