Несреќен случај се случил на прука во Индија, откако експресен воз удрил во крава која летала десетина метри во воздух. На крајот животното завршило врз пензионерот Шивдајал Шарма, кој во тоа време вршел нужда на пругата. Несекојдневниот инцидент се случил во Алвара во Индија.
Надлежните пренесоа дека кравата залутала на блиската железничка пруга и дека уште едно лице стоело во близина на несреќата, но го избегнало ударот. Возовите кои сообраќаат во ова подрачје достигнуваат брзина и до 160 километри на час.
Индискиот министер на железници, Ашвини Ваишнав, соопшти дека биле воведени мерки против отстранувањето на ѓубрето и вегетацијата за да ги спречат кравите да се шетаат на овие места.
Несреќата ги поттикна многумина да се залагаат за подобра регулација на железничката пруга, на која наводно се случуваат голем број инциденти со кравите. На една пруга дури се инсталирани метални огради за да се спречат кравите да шетаат по нив.