Лето во Сплит: пијан турист лежи пред киоск на тротоар

Пијан турист како лежи среде тротоар во Сплит е секојдневна во туристичкиот центар. Хрватските медиуми пишуваат дека ваквите слики се секојдневие во овој период од годината во градот. Покрај пијани туристи, чести се и сцените на уринирање во парковите и други недолични однесувања.

Пијаниот турист бил фотографиран во утринските часови пред киоск.

„Очигледно не е важно кој ден во неделата е, бидејќи Сплит е град на журки секој ден во неделата, па додека сплиќани одат на работа, ги гледаат овие сцени на кои веќе се отрпнати“, пишува Јутарњи.

Еден корисник на групата на Фејсбук „Гет директ“, предлага да се организира прес-конференција на претставници на Градот, туристичкиот одбор и полицијата на тема алармантната состојба во градот и загрозената безбедност на граѓаните. Друг корисник пак искоментирал „Дали моето дете мора да го гледа ова?!-Дали сите треба да го трпиме ова?!“.

Scroll to Top