Мајмун направил селфи, а фотографот е тужен затоа што заработил на слика за која немал авторски права

Американскиот фотограф Дејвид Слејтер се соочува со тужба од страна на ПЕТА, Меѓунароната организација за заштита на правата на животните, затоа што користел фотографија од мајмун која ја направил самото животно.

Слејтер пред шест години во Индонезија ги фотографирал мајмуните макаки. Еден од нив по име Наруто, играјќи си со неговите апарати, случајно направил селфи, од кое Слејтер заработил многу пари.

Подоцна кога ја видел истата фотографија на други интернет страници, вклучително и Википедија, тој почнал да ги тужи, затоа што не дал дозвола за нејзино користење. Сепак адвокатите негови му објасниле дека тој нема право на надомест, затоа што автор на фотографијата е мајмунот Наруто.

Да биде работата уште побизарна, сега ПЕТА го тужи Слејтер и речиси низ целиот судски процес го довела Американецот до питачки стап, па тој вели дека почнува да размислува да ја промени професијата и од фоторепортер да стане тенисер.

Според ПЕТА, Наруто треба да добие авторски права на фотографијата и парите од нејзиното објавување треба да бидат наменети за подобрување на неговиот и на животот на неговата заедница.

Слејтер го добил спорот на Суд, но ПЕТА поднела жалба и целата постапка е вратена од почеток. Од тогаш судскиот спор се „влече“ по судови, бидејчи ПЕТА досега девет пати ги обжалувала пресудите во полза на Слејтер.

 

 

 

 

Scroll to Top