Мајмун се прошета во градскиот превоз барајќи слободно место

Оваа снимка стана вистински хит на социјалните мрежи, а ја прикажува прошетката на еден мајмун во едно метро во Њу Делхи. Тоа што е интересно е ноншалантниот став на мајмунот што се движел од вагон до вагон во потрага по слободни места, а жените патнички одоколу врескале од страв.

Мајмунот не им наштетил на патниците, но му задал главоболка на обезбедувањето на метрото кое се обидувало да го исфрли од возот. Обезбедувањето морало да го намами мајмунот со ширење мирис од храна во близина на една зоолошка. Кога мајмунот излегол од возот за да јаде, вратата бргу се затворила и возот заминал. Претходно друг воз ги собрал патниците.

Инаку, опасноста од мајмуни не е нова за владата на Њу Делхи, која ја критикуваат поради неможноста да ги заштити луѓето од честотоо агресивно и насилничко однесување на мајмуните.

Сепак, и покрај сите проблеми со кои се соочуваат властите и локалните жители, овој мајмун излегол позитивен лик во целата приказна.

Гледајте го видеото:

Како вие би е чувствувале ова утро покрај вас во автобус да прошета мајмун додека одите на работа или во училиште?

 

Scroll to Top