Откако го решија спорот за името, Македонија и Грција повторно се скараа, ама овојпат за специјалитетот мусака, пренесува турскиот портал „Хаберлер“. Според дописникот на „Тајмс“ во Атина, Грците се налутиле кога виделе дека мусаката на саемот за храна во Германија се служела под знамето на Македонија .
Сопственикот на еден грчки ресторан, Анастасис Пајпетис, бил зачуден што мусаката била изложена на македонските штандово.
„Тие мусаката ја промовираат како македонска храна. Не само тоа, туку со неа служат грчки јогурт и кафе како да се нивни производи“, рекол Пајпетис за „Тајмс“, а потоа приказната им ја раскажал и на грчките медиуми. Сопственикот на ресторанот тврди дека традиционалниот рецепт за мусаката е апсолутно грчки.