Манекенка доби 32 милиона евра од женетиот љубовник затоа што ѝ раскинал

48-годишниот милијардер Алвин Чау од Малезија на својата некогашна љубовница, манекенката Менди Лиу, ѝ исплатил отштета од 32 милиона евра затоа што ја оставил. Милијардерот со сопругата има две деца, а со Менди три. Но, по неколку години поминати на релација помеѓу двете семејства, тој решил да ѝ раскине на љубовницата и да ѝ даде паричен надоместок.

Менди Лиу

 

Менди (37) е познат модел и една од најголемите ѕвезди во Азија. Освен што има работено за светски брендови, меѓу кои и „Диор“, „Сваровски“, „Миу Миу“, таа е и ТВ-презентерка и актерка. Родена е во Малезија, а сега живее во Велика Британија и е во фокусот на медиумите по купувањето кралски имот од 30 милиони евра со парите што ѝ ги исплатил Чау.

Алвин со сопругата Хајди

Женетиот Алвин и Менди беа во врска повеќе од 6 години, па поради времето поминато заедно, но и за да ги згрижи трите деца, тој одлучил дека финансиски сака да ѝ надомести. Тој има бизнис со хотели и казина. Неговата сопруга Хајди Чен знаела за врската со Менди. Кога во 2014 година манекенката го родила првото дете, сопругата на Чау поднела документи за развод, но набргу се премислила. Тие и понатаму се во брак.

Scroll to Top