Маж ископал тунел од спалната соба до најблискиот бар

Петси Кер, водоводџија од Ирска, ископал тунел од неговиот дом до локалниот паб, кој е оддалечен 800 метри од неговата куќа. Идејата ја добил откако го гледал филмот „Бегство од Шошенк“. За да ја реализира идејата, му требале цели 15 години.

Петси признал дека го ископал тунелот откако бил повикан на суд, оти со копањето пробил канализациска цевка под куќата на соседите. Пред судијата тој раскажал сè за неговиот таен тунел.

„Мојата жена има проблеми со ‘рчењето. Откако го изгледав филмот, во 1994, решив да преземам нешто околу тоа, па почнав да копам дупка под креветот во правец на пабот. Ги користев сите можни алати, од лажичка па до бушилка за тунели која успеав да ја внесам во дупката додека жена ми беше на шопинг. Дури во 2009 година успеав да излезам на другата страна, и тоа во женскиот тоалет во оставата на барот“, рекол Петси.

Последните пет години Петси секоја вечер одел во пабот во 11 часот навечер, а се враќал во 1 по полноќ. Неговата жена не знаела што прави нејзиниот маж откога таа ќе заспие.

„Да бидам искрен, драго ми е што се дозна. Жена ми секое утро чувствуваше дека мирисам на алкохол, а јас ја убедував дека тоа ми е природниот мирис. Беше само прашање на време кога некој ќе ме фати. Сопственикот на барот секогаш се прашуваше како доаѓам од никаде во исто време, и како исчезнувам низ женскиот тоалет“, додал тој.

Scroll to Top