Маж од Британија пронашол змија во брокулата што ја купил во продавница

Невил Линтон, 63-годишен Британец, пронашол жива, неотровна змија во куп брокула што наводно ја купил во продавница на Алди.

„Беше прилично страшно. Не сум добар со змии“, рекол тој за „Скај њус“.

Брокулата ја купил во Стурбриџ, Вест Мидлендс, а неотровната змија ја пронашол кога ја извадил брокулата од фрижидер за да подготви ручек.

„Среќа што не ја оставив брокулата во кујната“, изјавил Линтони и додал дека му било понудено обештетување, но дека бара повеќе пари.

Како што вели, понудената сума не го компензира ризикот на кој бил изложен неговиот син со инвалидитет.

Портпаролот на маркетите Алди изјавил за „Скај њус“ дека нивниот добавувач никогаш не добил поплаки од ваков карактер.

„Го истражуваме овој изолиран инцидент и му се извинивме на Линтон што нашите вообичаени високи стандарди не беа исполнети“, соопштиле од компанијата.

Scroll to Top