Маж пробал да испржи јајца на вулканска лава

Откако вулканот Фаградалсфјала на Исланд еруптираше по 781 година, маж пробал да испржи јајца на лава, открија службениците кои го обезбедуваат местото. Тие за локалните медиуми рекле дека се изненадиле кога го виделе мажот кој стои над лавата. Тој сепак, не успеал да ги испржи јајцата, оти тавчето се стопило од топлината.

По ерупцијата на вулканот стотици луѓе дошле на полуостровот Рејкјанес за да го видат вулканот, а исландските службеници за цивилна заштита ги предупредуваат посетителите да се оддалечуваат од лавата за да се повредат.

Планината Фаградалсфјала, каде се случи вулканската ерупција, се наоѓа на околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик.

Претставниците за вонредни состојби претходно изјавија дека не се очекува евакуација на населението, бидејќи ерупцијата на вулканот се случи далеку од населбата. Но, пред и по ерупцијата се регистрирани повеќе од 50.000 земјотреси.

Scroll to Top