Маж украл 800 метри пат, го исекол и го продал асфалтот за 640 евра

Крадец во Кина украл околу 800 метри асфалтен пат од стар автопат и го продал на фабрика за градежни материјали за 5.000 јуани, што е околу 640 евра. Тој изнајмил градежна машина со која извадил 800 метри од патот и блоковите ги натоварил во камиони кои ги однел пред фабриката, а таа ги откупила. Но, жителите на селото Санкеш во покраината Јианксу, го пријавиле во полиција исчезнувањето на дел од патот.

„По тој автопат веќе никој не возеше. Зошто тогаш да не се земат асфалтните блокови и нешто да се заработи,“ рекол мажот во својата изјава.

Вкупно препродал 500 тони асфалт.

„Сиромаштијата ги прави луѓето креативни“, пишуваат на социјалните мрежи во Кина, па велат дека наместо да го затворат, на сторителот треба да му наложат сам да го поправи уништениот пат.

Scroll to Top