Маж за да добие повеќе платено отсуство од работа се женел 4 пати за 37 дена

Колку и да имаме одмор, се чини дека никогаш не е доволно и ни требаат уште неколку дена. Не се ретки случаите на лажно боледување со цел продолжување на одморот или непредвидени ситуации.

Така итар Тајванец смислил генијален начин да добие што е можно повеќе платено отсуство. Тој не го прекршил законот, туку како што велат од судот, неморално го злоупотребил.

За да искористи што повеќе слободни денови, Тајванецот се оженил четири пати и се развел три пати за нешто повеќе од еден месец, поточно 37 дена. Со тоа добил вкупно 32 слободни дена.

Како му успеало? Според тајванскиот закон, лицето кое ќе се ожени има право на осумдневен одмор, па така осмиот ден по венчавката мажот се развел, а следниот ден повторно се оженил со истата жена и заработил уште осум дена безделничење.

Потоа пак се развел од неа, па двапати се оженил за да може да биде на одмор повеќе од еден месец.

Но, тоа не му поминало така лесно. Неговиот работодавец во банката каде што работел на шалтер, не сакал да му го даде следниот одмор по првите осум дена, за кој Тајванецот верувал дека има право. Тогаш мажот ја тужел банката.

На крајот банката му исплатила 600 евра отштета бидејќи не го прекршил законот, туку само неморално го искористил.

Scroll to Top