Британски пензионер по грешка при пишувањето на дестинацијата во неговиот навигационен уред, место во Рим во Италија, завршил во западна Германија. Старецот кој тргнал на пат од Њукасл имал желба да го посети Ватикан.
Но наместо Romе, напишал Rom, па навигацијата му го покажала местото илјадници километри оддалечено од посакуваната дестинација.
Кога навигацијата го известила дека стигнал на одреденото место, тој место Колосеумот или Сикстинската капела, вели дека видел само една улица и селски куќи околу неа.
Работите се влошиле за него откако заборавил да ја крене рачната сопирачкана возилото, па неговиот автомобил почнал да се движи наназад и удрил во знакот на кој пишувало Rom.