Јутјуберот Бурак стана хит на интернет откако сподели слика од својата венчавка, на која си носел лаптроп за да игра „Фудбал менаџер“. Тој секој ден игра виртуелен фудбал по 3-4 часа, а за време на викенд и до 7 часа. И додека неговата невеста седела отстрана, тој го тренирал својот виртуелен фудбалски тим, а потоа одиграл два натпревара. Но, откако ја објавил сликата, изјавил дека сето тоа било само шега.
„Верувајте, да не беше шега, невестата ќе ми го скршеше лаптопот“, рекол тој за „Спорт Бајбл“.
Инаку, првичниот план бил да го понесе лаптопот за на венчавката се прикаже нивната љубов со пуштање снимка, но организаторите имале технички проблем, па тој решил да се слика како виртуелно игра фудбал додека чека.