Непозната жена преку група на „Фејсбук“ се пожалила дека наместо младоженецот, на свадбата се омажила со соседот, кој имал полномошно да го замени нејзиниот маж. Таа пораката ја напишала на група чии членови ги интересира астрологијата, приложила натална карта и прашала дали е се во ред со нејзиниот љубовен живот.
„Минатата недела, на 1.11.2018 се омажив на еден необичен начин. Мојот сопруг не дојде на нашата свадба, му даде полномошно на својот сосед да биде младоженец наместо него. Свадбата беше во Србија, во Нови Сад. Јас не сум државјанка на Србија, мојот сопруг е, па морав да допатувам од Велика Британија за да се омажам. Ова ми е втор брак. На свадбата имав за мене непознати гости, додуша, кумови и соседи на мојот сопруг. Како тоа може да се види во мојата натална карта?“, напишала оваа жена и ја ставила и сликата од наталната карта.
На нејзината објава многумина искоментирале дека не ѝ веруваат и дека избрала шеговит начин да добие побрзо читање на наталната карта од другите.