Моминска забава стана погреб

Кристи Хамби од Флорида ѝ организирала несекојдневна моминска вечер на својата најдобра другарка Лизи. Наместо забава со велови и стриптизери, таа ја избрала темата „погреб“ за да ја „погребаат слободата на идната невеста“, ама и затоа што Лизи е љубител на морбидни ситуации и на хорори.

„Сакам да организирам забави. Единствен проблем ми беше да најдам погребна кола за да ја превезе Лизи до местото“, открила Кристи за американските медиуми откако неколку погребални компании ја одбиле кога слушнале дека треба да возат жив човек.

Невестата била воодушевена од идејата, исто како и нејзините пријателки што ја дочекале со пораката „почивај во мир“.

„Кога влегов во куќата, сè беше уредено како на погреб. Кристи направи нешто неверојатно“ рекла Лизи, која ќе се мажи во октомври и која обожава сè што е морбидно и страшно.

Scroll to Top