Можеш да ми го бациш газот, келнер стана херој преку ноќ откако шефот му рекол да работи во слободен ден

Британски келнер стана хит  преку ноќ откако неговата порака до шефот  ја објавија на социјалните мрежи. Неговиот шеф му напишал во 3 часот по полноќ да дојде утрото и да работи во смена од 11 до 22 часот, без разлика што имал слободен ден.

Келнерот љубезно му одговорил дека не може, затоа што тој ден му бил за одмор. На шефот не му се допаднал одговорот и побарал да биде тимски играч.

„Не можете да мислите само на себе“, му напишал шефот, а пренесе TudejUKnjuz.

„Зошто во 3 часот утрото ми пишувате дека утредента морам да работам 11 часа. Сега испив неколку пијалаци и не се чувствувам доволно добро за да дојдам на работа. Мамурен сум и не можам да работам толку долго на слободен ден“, му одговорил вработениот.

Газдата се спуштил на пониско ниво и му рекол дека не е добро премногу да пие.

„Сакате да му кажете на келнер да не пие во слободно време? Сакате да кажете готвачите да не јадат кога не работат?“, му напишал келнерот со смајли и му рекол дека можеби ќе дошол на работа, ако го побарал во разумно време, а не во 3 часот по полноќ.

На шефот не му се допаднал одговорот и му рекол дека ќе се разберат кога ќе дојде на работа. Тогаш вработениот ги изгубил нервите и дал отказ. Му рекол на шефот дека има други кои бараат келнери и дека му е преку глава од неговото однесување.

Кога шефот се обидел да се извини, тој му одговорил да му го баци газот. Неговата порака брзо се раширила по социјалните мрежи и тој преку ноќ стана херој на денот.

Scroll to Top