Во Ровињ (Хрватска) осамна мурал со Јосип Броз Тито во црвени гаќи за капење. Муралот го прикажува Тито како лежи на лежалка под палми, со очила на главата и прекрстени нозе.
Името на муралот е Ел Президенте, а авторот Борис Баре го замислил Тито во таа поза на Бриони. “Муралот е создаден како дел од малопродажниот парк во Ровињ. Темата беше „Лето во Ровињ“, а муралот на Тито нема политичка порака за мене. Јас само сакав да го покажам некогаш убавиот жеивот на плажа во лето”, вели авторот на муралот за Индекс.хр.