На поранешната сопруга морал да ѝ плати 6.300 евра за петте години брак што го перела

Судот за разводи во Пекинг му наредил на еден маж да ѝ исплати на поранешната сопруга 50.000 јуани, односно околу 7.700 долари, т.е. 6.300 евра, за петте години што таа работела за него, а тој не ѝ плаќал, пренесува Би-би-си.

Случајот предизвика голема расправа на социјалните мрежи за вредноста на домашната работа, а некои велат дека износот бил премал. Пресудата била донесена откако Кина воведе нов граѓански закон. Според судските записи, мажот што бил идентификуван по неговото презиме Чен поднел барање за развод минатата година од својата сопруга, која се презива Ванг.

Тие се венчале во 2015 година. Таа не сакала да се разведе на почетокот, а подоцна, откога веќе тој решил да се раздели од неа, му побарала паричен надомест. Таа тврдела дека Чин никогаш не работел домашни работи и дека не се грижел за нивниот син.

Пекиншкиот окружен суд во Фангшан пресудил во нејзина корист наредувајќи му на Чин да ѝ плаќа месечна алиментација од 2.000 јуани, како и еднократна глоба од 50.000 јуани за домашните работи што таа ги извршувала додека биле заедно.

Пресудата била донесена според новиот граѓански закон, кој стапил во сила оваа година. Според новиот закон, еден од сопружниците има право да побара надомест за време на разводот ако сноси поголема одговорност во воспитувањето на децата, грижата за постарите родители и давањето помош на партнерите во работата.

Претходно, сопружниците што се разведувале можеле да побараат таков надомест само ако претходно бил потпишан предбрачен договор, нешто што е невообичаена пракса во Кина.

 

Scroll to Top