На сопругот му направила кафеана во дворот за да го задржи дома

By

Британката Џејн Тапер сметала дека нејзиниот сопруг Пол премногу време поминува во локалната кафеана, па затоа му изградила паб во дворот на семејната куќа. Оваа мајка на три деца и медицинска сестра, покрај тоа што сака да го гледа својот сопруг дома, вели дека ќе почне да организира и забави за пријателите и семејство во нивниот домашен паб, кој го нарекла The Doghouse Inn.

„Пол отсекогаш сакаше ‘да скокне’ во локалата кафеана, секој ден, и никако не можев да го задржам дома. Размислував и дојдов до идеја да изградам сопствена кафеана во дворот. Кога ме прашуваат каде е мојот сопруг, им велам „во куќата за кучиња“, вели таа.

Џејн открила дека најскапо од сè било да се израмни дворот и тоа ја чинело 15.000 фунти, а почетната изградба на кабината чинела околу 2700 фунти. Со пабот не е воодушевен само сопругот на Џејн, туку и нивните деца Том, Лорен и Џек. Тие велат дека долгорочно ќе заштедат пари на алкохол зашто ќе се дружат во сопствениот паб.

Ќе ви се допадне