Ноктот на Ники Минаж е продаден за 55.000 долари

Акрилниот нокт на Ники Минаж, што на пејачката ѝ испаднал на овогодинешниот настап на „Видео авангард“ наградите, е продаден на еБеј за 55.100 долари.

Розовиот нокт обложен со кристали бил ставена на аукција на еБеј, а мажот што го продавал собрал вкупно 53 понуди за него. Фанот напишал дека настапот го гледал од првиот ред. Тој објаснил дека на пејачката ѝ паднал ноктот неколку моменти пред почетокот на настапот, а тој го зел и го задржал.

Фанот напишал и дека публиката не смеела да се фотографира во текот на целата церемонија, но дека доколку е потребно, со задоволство ќе обезбеди уште докази кои ќе ја потврдат вистинитоста на приказната.

Иако некои луѓе на социјалните мрежи се сомневаат во автентичноста на ноктот, на некои фотографии од настапот на Ники Минаж се гледа како и недостасува еден нокт.

Scroll to Top