Одложени два дерби-меча поради исцртан огромен пенис на стадионот

На речиси целата површина на теренот на фудбалскиот стадион во Слатина кај Чачак непознат сторител нацртал пенис. Потегот бил изненадување за тамошните мештани и љуботелите на спортот во тој крај.

„Веројатно се случило во ноќта меѓу неделата и понеделникот. Претпоставуваме дека машкиот полов орган со големина од преку 50 метри бил нацртан со земјоделска рачна канта за прскање во која имало смеса што ја уништува тревата “, вели членот на Управата од клубот Немања Џорџевиќ.

„Тој истакнува дека сите биле шокирани, а наведува и дека е неверојатно како сторителот на ваков начин прецизно и сликовито нацртал нешто во толкава димензија“, пишуваат тамошните медиуми.

„В сабота и в недела имаме два меча, се работи за дерби-натпревари и непристојно е да играме на таков стадион“, вели Џорџевиќ.

Според мислењето на мештаните, ова уметничко дело, најверојатно, е направено од одмазда.

На овој стадион, кој важи за еден од најубавите селски стадиони во чачанскиот крај, играат два клуба, ФК Слатина и ФК Мршница од истоименото село.

 

 

 

Scroll to Top