Но, не сме сигурни дали треба да се пријават на еден оглас кој осамнал на една бандера или, пак, треба да го осудат поради тоа што на крајот на истиот не пишува дали станува збор за шега.
Огласот почнува нормално. Се бараат две работнички за работа во кујна и се наведува колкава е платата, како и тоа дека е обезбедено место за живеење за работничките.
Но, не доаѓа предвид за свежо разведените, за работничките кои планираат да заработат за фустан и да одат на свадба, па повторно да станат товар на мама и тато, за работничките кои планираат да заработат за билет до земјата на своите сништа (Германија).
Овој оглас на социјалните мрежи предизвика голем број коментари. Тоа што најмногу зачудува е што луѓето главно застанаа во одбрана на работодавецот.
Многу малку ги имаше оние кои напишале негативен коментар за истиот, иако може да се забележи дека е дискриминирачки во секој поглед.
„Значи, ако планираш да работиш за 25.000 динари во пекарница до крајот на животот, јави се. Во спротивно немој“, напишала Светлана и така стана една од ретките кои застанаа против овој газда.
А потоа следеле мислењата на оние кои ја поддржуваат.
„Овој само го напишал отворено тоа што 90% од работодавците го бараат или сакаат да им го подметнат скришум на работниците, а на крајот те одбиваат од за само за нив познати причини“, смета Јелена.
„Разбирливо, чесно и отворено. Овој газда е чесен човек, и тоа е тоа. Не сфаќам зошто луѓето се жалат на човекот на кого му здодеало да вработува секакви будали“, наведува Божидар.
„За тазе разведени жени го разбирам донекаде. Можеби човекот просто не сака да има работа со поранешни мажи кои не се помируваат со разводот“, мисли Немања.