„Отидов да го испратам Оливер…“, сплиќанец остави заканувачка порака на шофершајбната

Никој досега во историјата на Сплит не бил испратен како Оливер Драгојевиќ вчера. Поради целиот тој метеж од илјадници негови сограѓани, немало место за паркирање. Па така на шофершајбната на еден автомобил осамнала порака што ги собра симпатиите на социјалните мрежи.

„Отидов да го испратам Оливер. Ако ми ја дигнеш колава, ќе ти дојдам и на тебе“, пишува на пораката. На социјалните мрежи пораката адресирана до пајак-службата измами насмевки и коментари „И Оливер би се смеел на ова“, пренесува „Јутарњи лист“.

Scroll to Top