Јужна Кореја има парк каде е најголемата колекција на пениси во светот. Паркот Хаесинданг е оворен е во 2007 година и во него има повеќе од 300 скулптури на еректирани пениси .
Паркот е во близина на крајбрежниот град Синам. Според легендата овој парк бил изграден за да се одржува среќен духот на една девица, која се удавила во морето.
Во паркот има колекција од вистински зачувани гениталии од цицачи, односно пениси на китови, мечки, фотки, мачки.
Во продавницата за сувенири, меѓу другото, можат да се купат и макарони во облик на пенис.
Скулптурите се со различни големини и облици, а тука е и атракцијата на паркот, пенис во вид на топ, кој се крева и паѓа во текот на денот.
Според приказната која ја пренесуваат, паркот бил отворен во чест на едма девојка, која загинала откако свршеникот ја оставил на брегот пред да замине во риболов. Имало големо невреме, па девојката, вели легендата се удавила во морето. Според кажувањата, нејзиниот дух можело да биде задоволен само кога гледа машки гениталии.
Во паркот на пенисите секоја година има 12 илјади посетители, а претежно жени.