Петел оди на суд затоа што го убил својот стопан

Петелот Раџа кој на себе имал заврзан нож, за време нелегалната борба на петли во јужна Индија, го убил својот газда. Петелот го прободел со нож во препоните, а човекот починал на пат кон болницата, откако претходно изгубил многу крв.

Локалната полиција е во потрага по 15 лица за кои смета дека се вмешани во настанот на борба со петли, во селото Лотунур во државата Телангана, претходно оваа недела.

Како што пренесуваат некои од тамошните медиуми, петелот бил задржан во полициска станица, пред да биде префрлен во фарма за животни. Некои пишуваат дека и ќе се појави на суд. Полицијата соопштила дека птицата била подготвена за борба кога се обидела да побегне.

Сопственикот во обид да го врати во рингот, бил прободен со нож долг седум сантиметри, кој се наоѓал на ногата на петелот. Борбите со петли се забранети во Индија, но тие и понатаму се одржуваат во поедини рурални подрачја.

Scroll to Top