Холанѓанка живееле една ипол година во Македонија, пред да направи листа од најинтересите работи што ги прават само Македонците. Таа листата ја објавила на својот блог.
1.Македонците користат ракија за сè! Најпрво место за пиење, но имате проблеми со затнат нос? Помирисајте ракија! Ве каснал комарец? Ставете ракија на местото. Прозорците на автомобилот ви се нечисти? Земете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија на неа.
2. Македонците секогаш ќе ве прашаат колку пари чини нешто. Имаш нов часовник? За колку пари го купи? Нов автомобил? Колку пари чинеше? Изгледа ова е многу важно прашање овде.
3. Сè се врти околу храната. Главното прашање на денот: што има за ручек и вечера? Исто така тие сакаат да зборуваат со часови за храна.
4. Заради некоја причина совршено нормално е да имате теписи насекаде, и тоа во сите големини и форми. Дури и подот во кујната често е прекриен со тепих.
5. Сите имаат прекар кој воопшто не ни наликува на нивното име. Но повторно, повеќето Македонци не се многу креативни во поглед на имињата. Најчести имиња тука се Александар и Ана. Така што, да, мора да има прекар за да не го викнете случајно погрешниот Александар…
6. Секогаш се жалат дека немаат пари, а сепак кафулињата се постојано преполни.
7. „Промаја“ е всушност провев во куќата и според постарите генерации нешто кое сигурно ќе ве разболи и е многу лошо, па затоа чувајте ги вратите и прозорците затворени!
8. Не разбираат кога ќе им кажете: не можам повеќе. Особено бабите во оваа земја ќе ве натераат да се прејадете и во никој случај нема да прифатат „не“ за одговор.
9. Целосно се трансформираат кога ќе влезат во автомобил. Македонците во глобала се многу љубезни луѓе, но штом влезат во автомобил како да добиваат самоубиствени нагони. И мојата реакција не е претерана по ова прашање.
10. Тротоарите се користат за паркирање наместо за движење. И никогаш не возете по десната лента, бидејќи таа е наменета за автобуси и автомобили кои едноставно застануваат овде-онде. Или почнете да возите во рикверц на булевар – да и тоа е можно во Македонија.
11. Не послужувајте торта на почетокот од роденденската забава. Овде тортата се служи на крајот од роденденската забава и откако гостите ќе ја изедат тортата си одат дома. Во Холандија работите се прават сосема спротивно.
12. Кога Македонците ќе ве поканат во нивниот дом, секогаш однесете нешто, независно дали е благо или солено, дури и кога одите на посета кај пријател. Тоа е како некое непишано правило на благодарност за нивната гостопримливост.
13. Бурек со јогурт се смета за добар појадок.
14. Не бидете изненадени кога ќе видите дека постарите генерации разбираат шпански. Порано многу гледале шпански серии и го научиле јазикот. Сега се чини дека сите гледаат турски серии, кои се многу лошо синхронизирани.
15. Речиси 40% од населението во Македонија ги троши последните пари во спортските обложувалници. А можете да најдете околу 800 обложувалници… Што е навистина лудо, бидејќи во Македонија живеат само 2 милиони луѓе!