Млад човек од Велика Британија се опил и го сменил името во Селин Дион. 30-годишникот Томас Дод е голем обожавател на канадската пејачка. Тој вели дека испил премногу за Божик додека го гледал концертот на пејачката на Јутјуб и тогаш најверојатно ја добил идејата. Промената на името преку апликацијата го чинела 89 фунти, но Селин купил дополнителни осум сертификати за по 10 фунти во случај некој да не му верува.
„Малку сум опседнат со неа, нема да лажам. Сега само молам да не ме застане полиција затоа што тоа може да биде чудно“, се пошегува тој.
Тој откри дека и неговата мајка не била среќна.
„Јас ѝ објаснив дека може да биде полошо и дека можев да бидам Борис Џонсон“ додал тој.