Пијан градоначалник легнал во ковчег и се преправал дека е умрен од корона

Градоначалникот на еден мал град во Перу се преправал дека е мртов бидејќи полицијата го фатила како ги крши мерките воведени поради коронавирусот додека пиел со пријателите.

Хаиме Роландо Урбина Торес е снимен како лежи во отворен ковчег со маска на лицето.

Тој бил фотографиран од полицијата, која потоа го уапсила во градот Тантар, на југот од земјата.

Полицијата соопшти дека тој ги прекршил полицискиот час и законите за социјално дистанцирање за да пие алкохол со пријателите и бил пијан кога го уапсиле.

Мештаните претходно го обвинија Торес дека заканата од коронавирусот не ја сфатил сериозно и дека не презел мерки на претпазливост во градот.

Градот, заедно со остатокот од Перу, е официјално ставен во карантин пред 66 дена по налог на централната власт.

Локалните жители тврдат дека Торес поминал само осум дена во градот од почетокот на затворањето и дека не успеал да спроведе какви било локални мерки за безбедност.

 

Тој е исто така обвинет дека не спровел соодветни безбедносни проверки за да се осигура дека луѓето надвор од градот не може да влезат во него.

Латинска Америка сега е во епицентарот на глобалната пандемија на коронавирусот, а вкупниот број на случаи на коронавирус и смртни случаи расте побргу отколку во кој било друг дел од светот.

Scroll to Top