Пијан маж пријавен за исчезнат се вклучил во потрага со полицијата, па сфатил дека се бара сам себе

Пријателите на Бајхан Мутлу (50) го пријавиле за исчезнат, откако се опијаниле во локалната кафеана, а тој не се вратил дома ни по еден ден. Полицијата претпоставила дека Бајхан се загубил или починал во шумата во близина на турскиот град Енегул, па почнале потрага по него.

Во потрагата се вклучиле екипи за пребарување и спасување од регионот Бурса, а им се приклучиле и неколку локални жители, откако се раширила веста за исчезнатиот маж. Потрагата, се фокусирала на шумската област каде што Мутлу бил виден последен пат. Во еден момент, кога групите за спасување почнале да го изговараат името на Бајхан, еден од луѓето кој помагал во потрагата прашал: „Кого бараме? Мене? Па јас сум тука“, рекол.

Турските медиуми кои ја пренесоа веста велат дека не е јасно како Мутлу се вклучил во потрагата или како тој порано не сфатиле дека се бара себеси. „Ова е најверојатно најчудниот извештај за случај со исчезнати лица што некогаш го поднела полицијата“, пишуваат локалните медиуми.

Scroll to Top