Пијан маж провалил во библиотека во Сибир. На полицијата им објаснил дека мислел дека влегува во неговиот стан. Триесет и деветгодишниот маж бил приведен од обезбедувањето на Руската гарда, за нелегално влегување библиотеката, пренесе „Риа Новости“.
Мажот потоа им објаснувал дека ја помешал библиоетката со неговиот дом, е наведено во соопштението на регионалниот органок на Руската гарда. Тие го привеле откако го слушнале алармот кој се огласил во ноќта. Припадниците на гардата рекле дека го виделе покрај скршената врата.