Пијана битолчанка лежела на улица за време на полицискиот час

Една  битолчанка на возраст од 33 години, на  26 март половина час по полноќ била затекната како лежи во алкохолизирана состојба на улицата Прилепска. Битолското основно јавно обвинителство поднесе предлози за казни против неа и против уште едно лице во овој град. Тие не го почитувале  полицискиот час, односно забраната за движење од 21 до 5 часот наутро како мерка против ширењето на коронавирусот.

Во вториот случај станува збор за 18- годишен тинејџер од Битола, кој исто така на 26 март, во 1. 25 часот со автомобил „рено 19“ без регистарски таблички се движел по улицата 8 Септември.

Тие се товарат дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

За секој од двајцата обвинети Основното јавно обвинителство во Битола му предлага на судот да изрече парична казна .

Scroll to Top