33-годишна невеста во градот Арберг, Германија, кога се опијанила, почнала да ги тепа гостите на свадбата, пишуваат тамошните медиуми. Меѓу натепаните бил и младоженецот, кој, кога не успеал да ја смири, повикал полиција.
Додека полицајците да стигнат на свадбата, невестата веќе ги натепала младоженецот, мајка му и кумот.
По тепачката, невестата се затворила во една соба, од која излегла по долги преговори со полицијата. Од свадбата била однесена со лисици, а полицијата почнала постапка поради нанесување телесни повреди.