Пијана невеста го претепа младоженецот на свадба

Една невеста, според соопштението на полицијата, испила премногу алкохол и во целосно алкохолизирана состојба почнала да се тепа со гостите на свадбата. Меѓу тепаните бил и младоженецот, кој не можел да ја смири, па повикал полицијата на помош. Но додека да дојде полицијата, тој веќе бил претепан, па невестата фатила да ги тепа бабата на младоженецот и кумовите. Подоцна, таа се затворила во една просторија, од која излегла после долгите преговори со полицијата.

Од сопствената венчавката таа е одведена со лисици на рацете и започната е постапка поради нанесување на телесни повреди.

Scroll to Top