Четириесет и шест годишниот Американец Мет, потрошил 15.000 евра за операција со која си го зголемил пенисот. За „Дејли Мејл“ раскажа дека по операцијата животот му се претворил во агонија и дека чувствувал како да му вметнале рачка за метла.
Мет е воен ветеран од Јута и потрошил 290.000 евра за да ја поправи грешката на лекарите. Операцијата ја нарекол „Франкенштајн“, а дека не е единствениот кој се пожалил се доказ и многу други мажи кои исто така рекоа дека операцијата не трнгала по посакуваниот терк.
Еден од нив рече дека чувствувал како скршени силиконски импланти му лебделе во неговите гениталии пет години по операцијата. Други третмани вклучувале сечење на внатрешниот лигамент во областа на препоните за да се направи пенисот да изгледа подолг.
Некои пак инјектираат супстанции како колаген гел и хијалуронска киселина за да поголема згустеност. Експертите од индустријата забележаа пост-пандемски бум, за кои велат дека е поврзан поради зголеменото гледање порнографија и воведување на можноста да се работи од дома.
Некои мажи како Мет бараат само естетски попријатен пенис. Тој бил незадоволен од благата кривина на левата страна, а мислел дека имплант вреден 14.600 евра ќе му ги реши сите проблеми.
Се оперирал во септември 2019 година, а истата заврши со фијаско. Потрошил уште 290.000 евра за дополнителни процедури за да си ја врати машкоста. Имплантот Пенума му бил отстранет пет месеци подоцна. Девојка му по сексот му рекла дека му е како нож за бифтек.
Поради лошата операција пенисот уште повеќе му се искривил, а Мет тврди дека се чувствувал како чудовиште на Франкенштајн.
„Страдав од необјаснива болка и не знаев на кого да се обратам. Се чувствував како некој да ми ставил рачка за метла во гениталиите. Секоја вечер одев горе-долу по станот затоа што ме болеше“, изјави тој за „Дејли Мејл“.
„Чувствував осаменост, изолација, како да не можам да имам сексуален партнер и да го споделам сексуалното искуство со некој што го сакам“, додаде Мет.
Рече дека по операцијата отокот и болката не поминале и дека чувствувал дека состојбата од ден на ден му се влошила. Отокот бил толку силен што девојка му, која била медицинска сестра, била принудена да исцеди 230 милилитри течност од неговиот отечен пенис.
Проблемите продолжиле и откако имплантот исчезна. Поради операцијата, добил лузна, која го ограничила протокот на крвта и го спречила неговото растегнување и проширување за време на ерекцијата.
Почнал да бара хирург кој можел да му помогне. По ужасното искуство, Мет за „Дејли Мејл“ рече дека неговиот пенис сега изгледа добро и дека ја постигнал првобитната цел.
За разлика од него, Емануел Џексон не морал да плаќа за поголем пенис. Наместо тоа, тој доби бесплатна операција во 2013 година. Но, среќата се претворила во агонија откако на поранешниотмодел на 26-годишна возраст му пукнале силиконските импланти во пенисот.
Немал никакви проблеми пет години, а потоа во 2018 година, лекарите од Клиниката во Кливленд му рекле дека неговиот имплант се скршил на парчиња и дека почнале да му лебдат под кожата.
Поради болката, Емануел размислувал за самоубиство, пишува ProPublica. Пенум имплантите може да имаат опасни несакани ефекти, велат експертите.
Еден хирург предупредил дека може да се заразат и да ја уништат кожата околу пенисот.
„Во тешки случаи на инфекција може да дојде до некроза или смрт на кожата на пенисот што го покрива имплантот, рече професорот по меѓународна андрологија Амр Рахим.
Рече и дека ткивото околу пенисот му се намалило и дека почнала да му се формира лузна за време на процесот на заздравување од засекот.
Имплантите Penuma се достапни само во САД и се единствената процедура за имплантација на пенисот одобрена од Агенцијата за храна и лекови (FDA), пишува Daily Mail.