Подигнал шатор во дворот, оти не можел веќе да издржи со сопругата во карантин

Маж од село близу Осијек во Хрватска, кој е во брак триесетина години, подигнал шатор во дворот оти веќе не можел да издржи цело време да е затворен дома со сопругата. Како што пишуваат хрватските медиуми, тој решил да се пресели за малку да најде мир. Пред шаторот поставил и тераса, каде што се дружи со соседите кои му доаѓаат на ракија и муабет.

Откако се тргнал од домот, мажот чиј идентитет не се открива, рекол дека бракот му е подобар од претходно.

„Соседот веќе неколку дена е во неговиот шатор. Тој стави маса пред него, столови, а повремено нашиот друг сосед доаѓа да пијат ракија. Јас исто така го посетив. Ми рече дека му било премногу е од 0 до 24 со жената, ама и дека сега повторно е во одлични односи со својата сопруга,“ раскажал соседот.

Scroll to Top