Поп прскал со светена вода од авион за да го спаси градот од разврат

Свештеникот Александар Горјачев од руската област Твер решил да спаси еден град од блуд и разврат. Тој се качил во авион, па заедно со уште двајца свештеници од Руската православна црква го попрскале градот со 70 литри светена вода. Со ова, тие велат дека го благословиле градот веќе таму да нема пиење и разврат, пренесуваат руските медиуми.

Според свештениците, светената вода која ја носеле со себе лечи од зависност. Со нив во авионот бил и брачен пар кој тврди дека сопругот се излечил од алкохолизам токму од оваа светена вода.

Scroll to Top