Посни крофни со шлаг

Потребни состојки:

200 мл вода
100 мл кисела вода
550-600 гр брашно
2 лажички соино млеко во прав
сол
малку шеќер
кора од лимон
50 мл масло
150 гр шлаг-пена

Начин на подготовка:

Во млака вода растворете го квасецот и додајте шеќер. Во остатокот од водата додајте 2 лажици соино млеко и измешајте. Додадете го брашното и сол, кисела вода, кората од лимот, масло и замесете мазно тесто. Покријте го тестото да одмори 20 минути. Потоа ставете го на маса и расукајте го со дебелина од половина сантиметар. Вадете крофни со калап – едните само тркалца без дупкка, а другите тркалца со пупка. Ако немате калап можете да ги извадите крофните и со чаши. Потоа, крофните со дупка ставајте ги преку тие без дупка и покријте ги со кеса да одморат 10 минути и да се спојат. Пржете ги во жешко масло, па наполнете ги со шлагот и послужете ги.

Scroll to Top